Дрекслмајер донираше „паметни“ клупи за Кавадарци
10-08-2020 РЕГИОН

Новите соларни клупи донација од компанијата Дрекслмајер се интелигентни решенија за модерно и урбано живеење, кои ја штитат животната средина.

 

Кавадарци 10. август 2020 – Четири паметни клупи донација од Дрекслмајер од неодамна

разубавуваат неколку локации во градот Кавадарци. Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, имаат приклучоци за полнење на батерии за сите типови на мобилни телефони, а на дел од локациите каде се поставени има и безжичен бесплатен интернет. Паметните клупи се дизајнирани да се вклопат во концептот за разубавување на градот, а со претворањето на сончевата во електрична енергија придонесуваат за заштита на животната средина.

 

„Одржливоста и грижата за животната средина се централни теми и се вклучени во долгорочните стратегии на DRÄXLMAIER Group. Токму затоа и во координација со општината ги поставивме овие паметни клупи кои нудат интелигентно решение што го следи технолошкиот развој и потребите на новите генерации. Соларните клупи обезбедуваат место за одмор на граѓаните, воедно се и паметен уред преку кој може да се наполни батерија на мобилен телефон“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци.

 

Преку своите проекти Дрекслмајер и понатаму ќе придонесува за поквалитетно живеење во општествената заедница, а компанијата продолжува да го спроведува својот план на проекти и активности во склоп на концептот за општествена одговорност. Значаен удел во стратешките планирања на Дрекслмајер имаат одржливоста и заштитата на животната средина - се вели во соопштението од Дрекслмајер.



Додади коментар