Докторка и медицинска сестра од Кавадарци се позитивни на Ковид 19
20-06-2020 РЕГИОН

Продолжува да се шири корона вирусот во Кавадарци. Регистрирани се уште два нови случаи. Станува збор за доктрока на 55 годишна возраст,  вработена во кавадаречката болница, сопруга на докторот кој вчера беше дијагностициран како позитивен  и медицинска сестра на возраст од 58 години, исто така од болницата. 

 

„Докторката е без симптоми, додека медицинската сестра има средна клиничка слика и е хоспитализирана на инфективното одделение во болницата во Велес“ вели епидемиологот од ЦЈЗ Кавадарци, д-р Ристе Јовановски.

 

Во моментов активни се 4 случаи на корона вирус во Кавадарци кај медицински лица, двајца доктори и две медицински сестри.

 

А.Д

 

 

 



Додади коментар