Доделени решенија за работа на просветни работници од Кавадарци
29-03-2016 РЕГИОН

Дваесет и девет  наставници и професори од основните и средните училишта во Кавадарци денеска добија решенија за трансформација на работниот однос на неопределено време.   Решенијата им ги доделија градоначалникот Александар Панов и претседателката на советот Горица Пеливанова – Вилхелм.

 

„ Ова е свечен ден за самите професори и наставници. Им спомнав за нивната неодминлива улога која ја имаат во развојот на Кавадарци. И јас и сите околу мене и цел бизнис секотр и сите кои ги креираат условите за работа, живот и политики се производ на еден процес на воспитување и образование во еден изминат период,  а сега Кавадарци ги бере плодовите од нас. Тие се во процесот на образување на кадри од кои ќе ги бериме плодовите во наредниот период“ рече Панов и им порача да си ја штитат професијата.

Тој нагласи дека во неколку наврати и досега де доделени решенија за трансформација на работниот однос, во зависност од тоа како се добиваат решенијата и согласноста од министерството.

 

24 наставници добија решенија за работа во основните училишта, а петмина професори во СОЗШУ „Ѓорче Петров“.

„Очекуваме од нив како квалитетни кадри да произведат и квалитетни ученици од кои бенефит ќе имаат сите стопански субјекти во Кавадарци“ рече Пеливанова Вилхелм.

 

Професорката Валентина Таскова искажа благодарност за трансформираниот однос. Нагласи дека долго чекала на денешниот ден .

„ Трансформациата е еден вид потврда на нашето работење во образованието. Среќни сме што си го најдовме покривот во образованието“, додаде Таскова.

 Ангел Данов



Додади коментар