Децата од градинка се запознаа со возилата на полиција, пожарна и брза помош
21-05-2019 РЕГИОН

Службите за итни интервенции чии возила имаат првенство на минување денеска беа достапни за децата од градинка. Во рамки на отворениот ден со нив, се одржа показна вежба и едукација за децата од градинка.

 

Децата имаа можност да слушнат кои се задачите на полициската, против пожарната и итната медицинска служба, на кои телефонски броеви може да се повикаат кога имаат потреба, но и да да се качат во специјалните возила и да ги слушнат сирените кои ги имаат овие возила.

 

 

Настанот беше во Кавадарци, во паркот на револуцијата, спроти полициска станица. На оваа показна вежба и претходеше едукација во сите детски градинки во Кавадарци, на тема: Да ги заштитиме децата во сообраќајот.

 

A.Д

 

 

 

Додади коментар