Демант од Левица: Обид за оправдување на кривично дело преку манипулации на јавноста
16-03-2023 РЕГИОН
Градоначалникот Стојан Николов во интервју за КТВ телевизија на 15.03.2023 ја исмејува и нарекува “наводна” Кривичната Пријава до ОЈО Кавадарци поднесена на 22.02.2023 преку која Советникот Влатко Трајков бара да  Градоначалникот сноси одговорност за штитењето на интересите на поединци на сметка на експлоатација на животната средина во Општина Росоман! 
 
 
Во прилог може да го видите приемниот печат од ОЈО Кавадарци за Кривична Пријава чии прилози се сите советнички прашања и барања за стопирање на градбата на асфалтната база! Тоа е пријавата која Градоначалникот несериозно ја исмејуваше и нарекуваше “наводна”!
 
 
Во прилог е и проследувањето на барањето на Советникот Влатко Трајков каде се забележува дека Градоначалникот Стојан Николов го чувал во фиока од 14.12.2021 до 24.03.2022 кога решил да го проследи! 
 
 
Наместо несериозните излагања на Градоначалникот на КТВ телевизија, очекувавме извинување и прифаќање на одговорноста, па логични прашања се:
 
 
,,Зошто Градоначалникот го чувал барањето за рушење на асфалтната база во фиока 100 дена?” 
 
 
,,Дали Градоначалникот штити бизнис интереси на поединци од Општина Росоман додека се експлоатира животната средина преку диво изградена асфалтна база за чие рушење не постапува ажурно?”
 


Share

Додади коментар