Дедо Мраз и градоначалникот Јанчев им поделија новогодишни пакетчиња на најмладите
27-12-2017 РЕГИОН

 

Дедо Мраз и градоначалникот Митко Јанчев во рамките на активностите од програмата на општината за одбележување на Нова година денеска ги посетиа децата од прво до петто одделение во основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Кавадарци.

 

Дедо Мраз и градоначалникот најпрвин имаа предновогодишна средба со децата од специјалната паралелка, кои за гостите приредија скромна приредба со неколку новогодишни песнички. Потоа Дедо Мраз и градоначалникот Јанчев, честитајќи им ја престојната Нова година и Божикните празници, на сите деца од оваа паралелка им поклонија новогодишно пакетче.

 

На вториот ден од реализацијата на програмата на градоначалникот и локалната самоуправа Кавадарци, за предновогодишни средби со учениците од основните училиште, градоначалникотм Јанчев најпрвин го посети основното училиште „Страшо Пинџур“.

 

 

Во три различни училници Дедо Мраз и градоначалникот беа пречекани со традиционални новогодишни песни исполнети од хорот на училиштето. За нив беше исполнет и Штраусовиот Радетски марш од две виолини и балетска кореографија. Гостите присуствуваа на скромни приредби каде децата со нивните наставници играа и пееја за новата година.

 

Учениците на градоначалникот Јанчев му подарија новогодишни честитки во нивна изработка, а од него побараа општината да изгради спортска сала ида постави забавни реквизити и клупи во училишниот двор за најмалите.

 

Новогодишни пакетчиња беа доделени и на децата од подрачните училишта во селата Возарци, Дреново и Мраена.

 

Во попладневните часови Дедо Мраз и Градоначалникот остварија иста ваква посета и во Општинското основно училиште „Тоде Хаџи-Тефов“.

 

Средбите на Дедо мраз и градоначалникот со децата од основните училишта започнаа вчера кога пакетчиња се делеа во основните општински училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Гоце Делчев“, а завршуваат утре кога новогодишни пакетчиња ќе добијат учениците од училиштата „Димката Ангелов-Габерот“ од село Ваташа а потоа и од истоименото училиште од Кавадрци.

Додади коментар