ДЕВОЈКА СО АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТАЛА ОД ПАТОТ КАВАДАРЦИ - МОТЕЛ ДРЕНОВО

 

Вчера  околу 07.30 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, патнички автомобил марка „Форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки управуван од дваесет и осум годишната А.Д. од Кавадарци излетал надвор од патот, при што, возачот се повредил.

 

Повредената девојка е пренесена во ЈЗУ Општа болница - Кавадарци каде е задржана на лекување. 

 

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци. - информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Додади коментар