Девет нови случаи на корона вирус во Тиквешијата, една жена починала
15-10-2020 РЕГИОН

Речиси секојденвно и во Тиквешијата се дијагностицираат нови позитивни на Ковид 19. Денешната статистика од Центарот за јавно здравје Кавадарци покажува нови деветмина позитивни на вирусот во Тиквешијата. Седум од нив се во Кавадарци, а двајца во Неготино. Една жена од Неготино на возраст од 55 години ја загубила битката со вирусот. Починала во приватна болница во Скопје.

 

„Новите случаи се на возраст од 7 до 66 години. Еден од новите позитивни е ученик од одделение каде имаше позитивна наставничка. Само еден од новите заболени е без симптоми, останатите имаат симптоми на вирусот. Петмина имале контакт со заболен, а останатите не знаат како се заразиле“ информира епидемилог д-р Ристе Јовановски.

 

А.Д



Додади коментар