Двајца кавадарчани ја прекршиле забраната за движење
21-05-2020 РЕГИОН

Во текот на изминатото деноноќие, 20/21.05.2020 година,на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес пет лица,oд кои, три во Велес и две во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.  

 

Во овој период има 19 нови регистрирани лица со Решенија за изолација, и тоа, 18 во Велес и едно во Кавадарци, а со Изјава за самоизолација има едно ново лице во Кавадарци. Вкупно со Решение во изолација има 156 лица, од кои 148 во Велес, едно во Кавадарци и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 23 лица, од кои 16 во Велес, две во Кавадарци и пет во Неготино.

 

 Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираат од СВР Велес.

 

Додади коментар