ГРОМ им вети на лозарите заложби за подобра иднина на лозарството
14-02-2014 РЕГИОН

Во партиските простории на Граѓанската опција за Македонија денеска исто така се празнуваше празникот на лозарите Свети Трифун. На прославата присуствуваа членови и симпатизери на партијата. Беа упатени пораки до лозарите за плодна и бериќетна година и ветување дека ГРОМ ќе се залага на лозаропроизводителите повеќе да им се вреднува трудот.

“Оваа и сите наредни години да ни бидат бериќетни и сите лозари и граѓани да имаат посреќен и попросперитетен живот. На лозарите треба да им се вреднува повисоко нивниот труд. И од нивниот труд да дфобиваат пшриходи за среќен и просперитетен живот и развој на Кавадарци. ВО таа насока ние од ГРОМ се залагаме да предложиме претседателски кандидат и кандидати за пратенции кои ќе знаат да ги застапуват лозарите и кавадарчани. Грозјето да не се плаќа за година две туѕку во разумен рок.“ рече Панчо Минов, член на  извршниот одбор на партијата.

Пред членовите и симпатизерите во Кавадарци, ГРОМ го претстави и својот кандидат за претседател на државата, проф. д-р Зоран Поповски. Тој нагласи дека негова преокупација ќе биде повторно да се врати идентитетот на граѓаните.

“Прв пат во Македонија имаме кандидат кој што влегува во оваа беспоштедна борба и некогаш некоректна борба,  која што ја водат големите партии,  во која се губи идентитетот на граѓаните, како да се важни само партиските и политчките интереси, додека граѓанинот како поединец,  неговиот личен интерес,  интегритет и безбедност,  како да се ставени на страна. Од тие причини моја клучна обврска ќе бида да го вратиме на пиедесталот неговото височество- граѓанинот. Ќе направам се` да обезбедиме пред се етничка стабилност која ќе биде основа за бебедносна стабилност во државата, а таа пак ќе даде и политчка стабилност, а тоа во крајна линија е  услов за економски просперитет во државата.   За многу кратко  врмее во ГРОМ се зачленија преку 20 илјади членови. Се конституираа преку 40 општински организации. Убедени сме дека во недела за рекордно кратко време ќе ги собериме неопходните 10 илјади потписи и со тоа ќе им покажеме на нашите опоненти дека нема играчка со ГРОМ“ рече кандидатот за претседател на ГРОМ.

Проф д-р Поповски нагласи дека силно ќе се залага Македонија повеќе  да не стои на маргините на надворешната политика. „Во НАТО и ЕУ мора да  влеземе и заради безбедносни причини и заради привлекување на странски инвестиции. Во Македонија нема да има политчки затвореници,  независно од нивната политчка припадност. Ако има политички затвореници ќе има и аболиција“ рече пред кавадарчани претседателскиот кандидат на ГРОМ и им го честите празникот на лозарите посакувајќи им богат и квалитетен род.

Aнгел Данов

Додади коментар