Градежни активности на две улици во Кавадарци
30-07-2020 РЕГИОН

Во тек е тампонирање на ул.„Народна младина“.  Овој проект во својата завршна фаза има предвидено асфалтирање на површина од 850 метри квадратни. Веќе се поставени нови рабници и е извршено поплочување на тротоарите. Изведувач на работите е компанијата „Градба промет“,  а проектот е со финансиска вредност од 11 244 194 денари а ги опфаќа и ул.„Егејска“, ул.„Бел камен“ и ул.„Индустриска“ - информриаат од локалната самоуправа. 

 

Исто така, во тек се градежни активности и на ул. „Стив Наумов“. Моментално се врши вадење на стариот асфалт а во наредните фази ќе следи асфалтирање со нов слој со дебелина од 5 сантиметри. Вкупната површина за асфалтирање е 500 метри квадратни во должина од 100 метри.



Додади коментар