Градежна офанзива во Кавадарци
18-05-2019 РЕГИОН

Триесетина проекти се дел од списокот на проекти од комуналната изградба кои локална самоуправа Кавадарци ќе ги реализира во наредниот период. Опфатени се сите месни заедници, а најчесто станува збор за барања на граѓаните. Вчера од општинската прес служба го објавија интензитетот на изградба.

 

Ќе се реконструира и адаптира детска градинка во селото Возaрци. Планирано е работите да завршат до средината на јули годинава. Изведувач на работите е Евро градба – инжинеринг.

 

 

Се планира изградба на мини пазарче кај нов суд Кавадарци, врз основа на договори започнати од 2018 година , краен рок за завршување е 25.05.2019 година. Ова е проект во УЗ „ЉУбаш“, а градежните работи ги извршува „Пер инжинеринг“.

 

 

До 20 мај е планирано да заврши оградувањето на спортскиот центар „Јасмин“. Станува збор за проект за кој е склучен договор минатата година, а работите ги извршува „Метал Апостолов“.

 

 

Од 11 јуни ќе отпочне реконструкција на покривот на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во селото Сопот. Активностите согласно договорот со изведувачот „Евро градба инжинеринг“, планирано е да завршат до 11 јули годинава.

 

Ќе се градат потпорни ѕидови на ул. Ѓоре Брушански , Февруарски поход , поплочување на ул. Страшо Пинџур споредна и 11 Бригада. Овие работи се започнати од 15 мај и треба да завршат за еден месец.  Фирма изведувач-Мулти Градба Инжинеринг ДООЕЛ е изведувач на работите.

 

 

Се започна и со реконструкција на покривот на домот на културата во селото Ваташа. До 13 јуни е планирано да завршат градежните активности кои ги изведува МЗТ инжинеринг од Битола.

 

Ќе се асфалтираат ул."Ило Костов" , ул. "Браќа Хаџи –Тефови " и ул."Рајна Соколова" кои се дел од УЗ „Браќа Џунови“. Најдоцна до 10 јуни е предвидено завршување со асфалтерските работи кои ги извршува „Ве група“ од Радовиш.

 

 

Од 15 овој месец се отпочна со поплочување на ул."Браќа Хаџи-Тефови" , ул."Мара Димова" , "Иво Лола Рибар" , ул. "Киро Каракулев" . Активностите е планирано да завршат до 15.06.2019 година .

 

Во УЗ „Страшо Пинџур“ ќе се асфалтира ул."25 Мај", а ќе се гради и попторен ѕид. Завршување на тековните работи се планира најдоцна до 25.05.2019 година , овие ставки се по претходен договор започнат од 2018 година. Фирма изведувач е „Коле Транс инжинеринг“.

 

Во УЗ „Браќа Досеваи“ се врши асфалтирање на улиците „Скопска“, “Никола Карев“ и „Дешка Тошева“.

 

Асфалтирање на ул." 2ра Бригада" , крак на ул."Солунска Глава" спој со ул. "Гоце Делчев" , се врши на овие улици кои се дел од УЗ „Љубаш“.

Додека во УЗ „Кула“ до 7 јули е планирано да се заврши со асфалтирање на паркинг кај зградите на булевар „Македонија“.

 

Ќе се реконструира покривот на ООУ "Димката Ангелов Габер" Кавадарци . Се планира завршување најдоцна до 15.07.2019 година на работите кои ги изведува „Ибо Под“ од Прилеп.

 

Доколку дозволат временските услови до 15 јуни е планирано да се заврши со изградбата на речното корито во Ваташа. На овој проект работи „Градба Промет“. Досега се изгради коритото, а се работи на бетонирање на патеките и оформување на места каде ќе се поставуваат канделабри.

 

 

Во Ваташа ќе се поплочува и ул.Перо Видев. Краен рок за завршување е 30.05.2019 година

 

До 15 јули се планира да заврши изградбата на кружен тек кај винарија „Тиквеш“, а до 30 мај да се заврши со поплочување на ул. "Галишка".

 

 

Поплочување на пешачка патека , паркинг и пристап на згради на булевар " Кочо Рацин" , булевар "Македонија" и ул."Никола Минчев" , пешачка патека кај Белка зградите , парк кај Полана и тротоар на ул."Никола Минчев", како улици во населба Јасмин , краен рок на завршување е 15.08.2019 година . Фирма изведувач- Градба Промет

 

Во општинскиот план е асфалтирање на дел 1 ул. "Смилица", ул."Бигла", ул."Рајко Жинзифов" изградба на сервисна улица на ул."25 Мај", втора фаза пробивање и тампонирање на улици во ДУП Дисанска , изградба на сервисна на ул."Доне Попов" , воведување во работа најдоцна до 01 .06.2019 година , а работите ќе ги извршува „Градба промет“.

Фирма изведувач-Градба Промет

 

Од 1 јуни се планира и асфалтирање на ул. „Црноречка“. “Февруарски поход“, ул.Полошка , Праведничка –крак и ул. Јованче Велков.

 

Во УЗ „Ќиро Крстев“ ќе се поплочува ул. Клинска. Фирма изведувач- АС Машини.

 

Ќе се градат жардинерии на Западен Булевар, а ќе се поплочуваат ул. „ Наќо Лазовски (две страни), ул. Смилица, ул.Дисанска и ул. Глигор Прличев. Овде градежните работи ги извршува фирмата – РМК Градба.

 

До 17 јули е планирано поплочување на ул. Галишка и тротоари на ул. Ѓоре Брушански, ул.Кузман Јосифовски -Питу и ул.41ва Девизија. На овие активности ќе работи „АС машини“.

Урбана заедница – Задругар

 

Се поплочува ул. Никола Карев –споредна, а се работи на поплочување и на тротоари на ул. Методија Џунов Џико-споредна, ул. Клинска – крак, ул. Шакалица, ул. Димче Мирчев и ул. Брушанска . Фирма изведувач – РМК Градба.

А.Д

 

 

Додади коментар