Годишен концерт на музичкото училиште „Владимир Арсовски“ од Неготино
29-12-2017 КУЛТУРА

Во Домот на култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, се одржа традиционалниот НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ на учениците од музичкото училиште „Владимир Арсовски“ од Неготино.

 

 

Во преполната сала, учество зедоа над 120 ученици од ова училиште и тоа од најмалите од прво одделение па се до најголемите во завршното деветто одделение. Најпрвин настапи виолинскиот оркестар, а потоа солисти и хорот на училиштето. Тие се претставија со 14 композиции, од кои во првиот дел ја потсетија публиката на осум незаборавни македонски евергрини со малку помодерни аранжмани, а во вториот дел беа отпеани шест новогодишни песни.

 

 

Сите настапи беа пропратени со громогласни аплаузи од позитивно расположената публика, а посебно беа охрабрени најмалите солисти. На сите учесници Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња.

 

 

Како што веќе спомнавме концертот кој траеше нешто повеќе од еден час, е ТРАДИЦИОНАЛЕН се одржува секоја година пред Новогодишните празници од кога и постои ова училиште, а оваа година беше 38 ми по ред.

 

 

Концертот ќе имаме можност да го проследиме и на нашата програма.

Додади коментар