Вработените во „Дрекслмајер“ и во наредните денови остануваат дома
03-04-2020 РЕГИОН

Вработените во германската компанија „Дрекслмајер“ и во наредниот период остануваат дома – одлучи менаџментот на компанијата. Ваквата одлука уследи поради актуелната состојба со корона вирусот и откажаните нарачки од компаниите за кои произведува оваа комапанија, ни потврди Катерина Бакалова од одделот за односи со јавноста.

 

„Поради актуелната состојба со ширењето на коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи почетокот на производството. „Дрекслмајер“ ги испорачува во точна секвенца и определено време токму оние автомобилски компоненти што во одреден момент ги нарачуваат автомобилските производители. Доколку нема нарачки од клиентот, не се одвива производствениот процес и не се произведуваат залихи“ ни рече Бакалова и додаде дека повторниот почеток со работа ќе зависи од развојот на состојбата со ковид 19, но и од состојбата во автомобилската индустрија.

 

И покрај тоа што најголемиот дел од вработените се дома, во фабриката во овој период се вршеле подготовки за повторен старт на производството во вонредни услови и планови доколку се продолжи со работа, да се обезбеди максимална заштита на здравјето на вработените.

 

Ангел Данов

Додади коментар