Во сообраќајна незгода повреден мотоциклист

 

Кавадарчанец управувајќи со мотор е тешко повреден во сообраќајна незгода, потврдија од СВР Велес. Поради сериозноста на повредите е пратен на лекување на скопските клиники.

 

„Вчера во 15.00 часот на крстосницата на улиците „Слога“, „Киро Крстев“ и „Димче Мирчев“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Д.Р.(72) и мопед „Томос“ без регистарски ознаки управуван од Б.О.(34) двајцата од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош од Кавадарци е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

На местото на настанот увид извршиле службеници од кавадаречката полиција.

 

А.Д

Додади коментар