Во Неготино во тек е заловување на кучиња скитници
03-10-2019 РЕГИОН

Општина Неготино во соработка со Ветеринарната станица од Неготино започна и во тек е акција за заловување на кучиња скитници кои потоа се носат во соодветните простории со кои располага Ветеринарната станица со услови за нивно сместување и третирање.

 

Како што информираат службите кои се активни на терен, досега се заловени околу 20 кучиња од кои дел скитници, но има и такви кои имаат сопственици. Притоа, констатирано е дека поголемиот број од заловените кучиња се чипирани и нивните сопственици се познати, па поради нивната негрижа согласно законските прописи ќе бидат соодветно санкционирани.

 

Токму затоа се апелира до сопствениците на кучиња да водат поголема грижа за нивните миленици и нивното движење, со што би се спречило нивно заловување и би се избегнала можноста за санкционирање.

Додади коментар