Во Кавадарци беа поднесени 7200 барања за легализација на дивоградби
23-03-2015 РЕГИОН

Уште дваесетина кавадарчани денеска на свеченост во општината ги добија своите решенија со кои им се легализираат бесправно изградените објекти. Службите на општината добиле околу 7200 барања, а за решавање имаат уше четериесет отсто.

Градоначалникот Александар Панов информираше дека  во целост била завршена постапката за легализација на бесправно изграднеите објекти од бизнис секторот во општината, а непрекинато се работи и на останатите предмети.

 „Секоја година правиме некоја ретроспектива до каде сме со бројките. Од околу 7200  поднесени барања,  веќе имаме донесено решенија за 1250 предмети. Од нив само 8 се повлечени предмети, постапката е прекината за 2766,  што значи дека се при крај нивните завршувања, а во постапка  се  3225 барања се во постапка. Во вкупниот број на поднесени барања за легализација околу 2000 се однесуваат на викендици на Тиквешкото Езеро. Имаше измени на законот и надминат е формално правниот проблем кој се појави, сега без проблем можат да се легализираат и овие објекти“ рече Панов.

А.Д

 

Додади коментар