Водоснабдувањето во Кавадарци е без редукции
22-07-2013 РЕГИОН

За прв пат по многу години во овој период од годината Кавадарци има нормално водоснабдување а кавадарчани не се соочуваат со редукции на водата за пиење, рече денес Марјан Прескакулев, раководитен на работната единица Водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

-Ваквата поволна состојба со водоснабдувањето во градот меѓу другото се должи и на инсталирањето на скада системот со кој во секое време може да се контролираат количината и притисокот на водата во цевките. Ние настојуваме сите граѓани да имаат доволно вода за пиење во секое време, нагласи Прескакулев.
Тој информираше дека во текот на денот мал прекин на водата за пиење имало на улицата “Блажо Алексов”, но се работело за дефект кој веднаш бил отстранет и нормалното водоснабдување си продолжило.

Светлана Дарудова



Додади коментар