Водата од Лукар исправна за пиење
09-09-2016 РЕГИОН

 Водата од водоводниот систем Лукар, од каде со вода за пиење се снабдуваат жителите на Кавадарци, Росоман и Неготино после поројните врнежи е исправна за пиење и без провривање, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

„Од синоќа има присуство на резидуален хлор во водата. Сите параметри за квалитетот на водата за пиење се во согласност со правилникот, затоа може да се укине препораката за задолжително провривање на водата пред пиење“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

А.Д

Додади коментар