ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години не направи ништо да се подобри откупот на грозјето
27-11-2019 РЕГИОН

„Зоран Заев и СДСМ три години не го исполнија најголемото ветување кое им го дадоа на лозарите, дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени.  СДСМ три години не направи ништо за откупот да се подобри, ниту пак откупните цени да се зголемат“ - реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на вчерашната прес конференција на СДСМ на која најавија дека ќе бидат исплатени уште 600 лозари кои предале грозје во „Повардарие“ и „Стефани“.

 
 
„Три години по ред лозарите го даваат грозјето за без пари. Власта лажно се фали дека исплаќа субвенции, а дел од земјоделците се уште немаа добиено пари за 2017 и 2018 година.   Зоран Заев и СДСМ ги манипулираа земјоделците пред три години, ги манипулираат и сега. Разликата е во тоа што земјоделците не им веруваат.  На 12 април Зоран Заев и СДСМ ќе го добијат одговорот од земјоделците за погубните политики во изинативе три години.    По 12 април доаѓа обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.“ стои во писмената реакција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
 

 

Додади коментар