ВМРО-ДПМНЕ објави победа во Кавадарци
15-07-2020 РЕГИОН

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци и кандидат за пратеник Зоран Јованчев пред малку ибјави победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

 

Тој пред своите членови,  собрани пред штабот информира дека според нивните пресметки освоиле 9101 глас, а СДСМ 8451 глас.

Неважечки биле 800 ливчиња.

 

Според пресметките на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци останатите партии ги добиле следните резултати:

 Алијанса на Албанците  16

ДУИ  26

Македонски концепт 47

Демократи 75

Единствена Македонија 80

Глас за Македонија 86

ГДУ 137

Интегра 444

Левица 846 

 

А.Д



Додади коментар