Викендов три сообраќајки во Тиквешијата

 

Вчера околу 15.00 ч. на автопатот Неготино - Велес на околу 500м. пред наплатна станица „Градско“ патнички автомобил марка „БМВ Х4“ со скопски регистарски броеви управувано од Г.Г.(74) изгубил контрола над возилото и слетал од коловозот, при што, со повреди се здобиле возачот и сопатничката кои со возило на Брза помош се пренесени во ЈЗУ Општа Болница Велес каде се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

Исто така во текот на вчерашниот ден  во 20.00 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ регистарски броеви од Струга управуван од Д.Д.(61) од Струга и трактор марка „ИМТ“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Р.Р.(36) од Росоман, при што, со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно дете сопатниците од тракторот. Повредените се пренесени во ЈЗУ ОБ Кавадарци. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци.

 

  Од СВР Велев информираат дека во саботата  околу 15.30 часот во Неготино на ул.„Фемо Кулаков“ патнички автомобил марка „Мерцедес“ со неготински регистарски броеви управуван од М.Р.(26) удрил во дрвен столб од електрична мрежа, при што, е повреден сопатникот Б.Л.(26) од Неготино на кого му е укажана медицинска помош во Општата болница во Неготино.

Додади коментар