Викендов се случи првото крштевање во новата црква во Кавадарци
26-10-2015 РЕГИОН

Викендот кој измина се случи и првата крштевка во новиот црковен храм Св.Петка во Кавадарци. Имено првото крштевање во параклисот Св.Јован Крстител во ново осветената црква Св.Петка и даде вечно име на Мила Јанева на која и беа посакани најубави желби, здравје, среќа и радост, но и име кое ја започнува страницата на радоста во Св.Петка.

 

Крштевањето на Мила беше од страна на старешината на храмот протаереј Војче Ѓорѓиев и ѓакон Душан Делов. Радоста беше на фамилијата, а честа на новиот божествен храм. На осветувањето на Св.Петка долго чекаа кавадарчани, а особено оние кој сега посакуваат крштевање на своите најмили во исиот, но долга е и листата на младенци кој својата венчавка ја замислуваат токму во црквата Св.Петка во Кавадарци. Венчавка сеуште нема во црквата, но таа викендот во својата историја ја запиша првата крштевка.

Милица Младенова

Додади коментар