ВИДЕО Државата ќе ги исплати лозарите за долгот на визбите
02-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

Со аплауз ја поздравија лозарите веста дека државата ќе им го исплати долгот што визбите го имаат кон нив .

Денеска тие беа информирани и дека до Свети Трифун ќе ги добијат субвенциите по хектар површина, а до крај на феврури и денарот за килограм предадено грозје во домашни винарии.

 

 

На состанокот во кабинетот на градоначалникот Јанчев денеска покрај министерот за земјоделство присуствуваа и пратеници и градоначалници од регионот кои беа ангажирани на овој голем проблем на лозарите.

 

А.Д

 

Додади коментар