Ваташани синоќа имаа средба со градоначалникот Јанчев околу изградбата на кејот
05-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

 

На иницијатива на Месната зедница од селото Ваташа  Градоначалникот м-р Митко Јанчев со стручниот тим од општината оствари средба со жителите на тема комуналната изградба во 2019 година.

 

 

Акцент во дискусијата беше ставен на тековниот проект за регулација и урбанизација на кејот на реката Луда Мара во должина од 760 метри, на поптегот од „Ваташкиот мост“ до паркингот кај зградите „Силекс“.
На средбата жителите искажаа поддршка на проектот со кој се урбанизира коритото на реката низ Ваташа, но изразиа сомнеж, реагираа и дискутираа со меѓусебни спротивставени ставови околу бетонирањето на минорното корито и длабочината на каскадите и слапиштата.

 


По објаснувањата од надлежните стручни служби на општината, како и изведувачат „Градба промет“ реакциите на граѓаните се смирија.

 


Во обраќањето пред ваташани градоначалникот Јанчев изкажа разбирање за нивните реакции, но им порача:

 

„Јас имам целосна доверба во проектот и изведувачот. Ова го работиме за доброто на сите. Изградбата на кејот ќе помогне во регулацијата на речното корито, а воедно и ќе создаде поубав урбанизиран лик на Ваташа“.
На крајот од средбата градоначалникот Јанчев уште еднаш ги потсети ваташани на интензивната комунална изградба во која покрај кејот, тие во 2019 година ќе добијат нов мост за побезбеден сообраќај, ќе се гради велосипедско пешачка патека до браната Моклиште, а како наредна фаза е и проектот за реконструкција на покривот на спомен домот „12 Младинци“.

Додади коментар