Буџетот на Кавадарци за следната година во понеделник пред советниците
20-12-2014 РЕГИОН

Најважниот финансиски документ на општина Кавадарци, буџетот за следната година е пред советниците. Ќе го разгледуваат на седницата закажана за понеделник со почеток во 12 часот. Советниците  низ политички дискусии ќе го анализираат подготвениот буџет кој за следната година е димензиониран на износ од 664.957.000 денари од кои основниот буџет изнесува 311.735.000 денари.

Советот ќе одлучува и по предложените програми за уредување на градежно земјиште, за изградба реконструкција и одржување на локалните патишта во општината, за располагањетосо градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачлјето на општина Кавадарци. Исто така ќе се разгледуваат и програмите за јавна чистота, за уредување и одржување на зелените површини, за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, за управување со отпад, за изработка и донесување на урбанистички планови, за развој на општината, за развој на невладиниот сектор за меѓународна соработка. Исто така на дневен ред се и програмите за активностите на општината во делот на културата и спортот,  за одбележување на годиншнини на значајни настани и личности.

Советот ќе разгледува и неколку предлог одлуки, а исто така и програмите за работа на ЈП Комуналец, општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и ЈП „Јасмин“

Ангел Данов



Додади коментар