Богојавление - Водици 2019 во Тиквешијата
19-01-2019 РЕГИОН

Седумнаесет годишниот Дарко Недев од Кавадарци денеска ја имаше среќата да го фати светиот крст од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. На церемонијата за осветување на водата по повод верскиот празник Богојавление Водици присуствуваа голем број верници.

По светиот крст скокнаа дваесетина момчиња од Кавадарци, но Недев го послужи годинава среќата.

„За прв пат се фрлам по крстот. Многу сум среќен што успеав да го фатам. Поскаувам многу здравје на моето семејство и на сите пријатели“ рече Недев.

Од локалната самоуправа градоначалникот Митко Јанчев му дари тв приемник, а и годинава награда за најсреќниот имаше од аптеки Зегин.

На фрлањето на светиот крст во Луда Мара претходеше литургија во храмовите Свети Димитрија и Света Петка.

И годинава продолжи традицијата на голем Богојавленски водосвет во водите на брана Моклиште. И овде присуствуваа голем број верници од Ваташа и Кавадарци.

Најсреќен меѓу петте момчиња кои скокнаа во студените води беше 23 годишниот Иван Добринов од Ваташа.

„Седма година се фрлам по крстот. Прв пат го фаќам. Повеќе среќа следната година за помладите им оставам предност. Доста беше за мене. Здравје среќа и успех им посакувам на сите“ рече Добринов.

Подароци му беа врачени од локалната самоуправа и од спонзори на Богојавленската манифестација.

рече Недев.

НЕГОТИНО

Она што во 5 обиди предходно не му успеа на неговиот родител Борче, денеска го стори неговиот 15-годишен син Јован Богев. Имено младиот Јован денеска беше најсреќен и од сите учесници успеа да стигне прв и да го фати крстот во осветените води на реката Вардар посакувајќи си многу здравје и среќа во 2019 година.

Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на Јован му врачи пригоден подарок, му посака се најдобро, а на сите граѓани на општината им ги честиташе празниците Богојавление-Водици и Јован Крстител со желби за добро здравје, среќа и бериќетна година.

Свештеникот од МПЦ Свети Атанасиј на Богев му врачи примерок од Светото писмо и икона, а традиционално лицето кое го фати крстот доби подарок и од покровителот Зегин. Настанот помина во најдобар ред и во присуство на илјадници граѓани на општина Неготино.

РОСОМАН

Дваесет и седумгодишниот Дарко Илов, по втор пат го фати светиот крст во Црна Река кај Росоман. Претходно, повеќе пати се обидувал да биде најбрз и да го фати крстот за верскиот празник Водици.
 -Здравје, среќа, бериќет посака тој.

  Инаку, триесет и тројца росоманци се обидоа да го фатат крстот во студената вода, што е рекорд во Росоман. Најмладиот имаше 14 години. Најсреќниот доби икона од црквата, смарт телевизор од општината, како и други подароци од кумови на настанот и спонзори.
 Градоначалникот Бранко Јанев, честитајќи им го празникот на сите, посака здравје и среќа.

Aнгел Данов

Додади коментар