Блажо Богев, Дани и Влатко Лозаноски ќе ги забавуваат кавадарчани за дочекот на Нова Година
23-12-2015 РЕГИОН

Градот е во новогодишно руво. Годинава општината издвои 20 илјади евра за новогодишни украси кои се поставени во центарот на градот,  долж улицата „Илинденска“ и кружниот тек. Официјализирана е и програмата за дочек на новата година.

 

И годинава ќе има организиран дочек на градскиот плоштад. Новогодишната програма  започнува од 22 часот. Кавадарчани ќе ги забавуваат Блажо Богев, Дани и Влатко Лозаноски. Доаѓањето на новата година ќе биде најавено со спектакуларен огномет, а свое обраќање ќе има и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

 

На новогодишната забава и претходат и други културни настани,  по повод новогодишните празници. Основните училуишта од градот ќе имаат свои получасовни настапи на градскиот плоштад во терминот од 12 до 13 часоот,  а половина час пред тоа Дедо Марза на учениците од прво до петто одделение ќе им дели новогодишни пакетчиња.

 

А.Д

Додади коментар