Благодарност од општината за дежурните на Нова Година
10-01-2014 РЕГИОН

Д-р Дано Кулев и д-р Стојанчо Рамов од општа болница Кавадарци,  д-р Вера Соколова и д-р Драги Димитров од Здравствен дом, Спире Кендоровски од полициска станица Кавадарци и Блажо Милев од противпожарната станица денеска беа на прием во кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци. На нив им беа предадени подароци во знак на благодарност што за време на новогодишната ноќ беа на своите работни места и дежураа во интерес на здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Ова е пракса со која сакаме да ја искажеме благодарноста до оние луѓе кои што најдолгата ноќ не ја поминуваат со своето семејство и тоа е една жртва од нив што како корисни граѓани на ова општество го даваат својот придонес и затоа е примерно да им се оддаде на овие луѓе признание. Имаме добри резултати оваа година од аспект на здравје на граѓаните , немаше голем број на претерување со алкохол. Од полицијата бевме известени дека немаше некои посериозни проблеми од безбедноста“ рече Панов.

Од името на присутните на приемот Д-р Драги Димитров упати благодарност до градоначалникот и локалната самоуправа за оддаденото признание.

„Ова ми е е  четврто дежурство за дочек на нова година. Помина можам да речам апсолутно мирно, без некои поголеми инциденти, сообраќајки немаше,  имаше две алкохолизирани лица кои побараа лекарска помош. Во амбулантата имавме и помалку интервенции од обична вечер“ рече д-р Димитров од итната медицинска помош во Кавадарци и нагласи дека некој мора да биде дежурен и за дочекот на нова година.

А.Д



Додади коментар