Барања за легализација ќе се примаат и утре до 24 часот
30-03-2016 РЕГИОН

Општина Кавадарци утре, на последниот ден за поднесување на барања за легализација на дивоградби го продолжува работното време на службата во Граѓанско информативниот центар. Барања ќе може да се поднесуваат до 24 часот, кога и официјално истекува рокот за аплицирање, иформираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

 

Во општина Кавадарци беа примени во работа 7249 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Во моментов во постапка за легализација се 2700 барања. Прекината е постапката за 2939 предмети. За 1610 предмети се донесени правосилни решенија за легализирање на бесправно изградени објекти.

 

„Откако беше продолжен рокот за доставување на барања, заклучно со денеска примени се 1280 нови барања.  Поднесени се и 210 нови барања за утврдување на правен статус на линиски инфраструктурни објекти“ информираат од прес службата на општината.

Имателите на бесправни објекти кои до денот на влегување во сила на овој Закон  немаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект,а на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежни и инсталатарски работи во целост и истите претставуваат градежна и функционална целина,можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, од денот на влегување во сила на овој закон дo 31 март 2016 година.

 

Барателите кои ќе достабат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31 март 2016 година ,треба да достават геодетски елаборат најдоцна до 31 декември 2017 годинаУште два дена е законскиот рок за поднесување на барање за легализација.Не го пропуштајте рокот искористете ја можноста даго легализирате вашиот објект  од 1 ЕВРО по  м2.

Ангел Данов



Додади коментар