Балкански средби на млади планинари во Неготино
01-09-2015 РЕГИОН

Викендов општина Неготино беше домаќин на седмите по ред Балкански средби на млади планинари. Овие младински балкански планинарски средби за прв пат се организираат во Неготино, а воедно и прв пат во Македонија. Изминатата година домаќин на шеститте младински планинарски средби беше ПД „ Етропол “ од Етропол, Република Бугарија, а годинава домаќин и организатор беше СПАОК „ Антигонеа- нег “ од Неготино.

„ На овогодинешните седми по ред Балкански младински планинарски средби учестви земаа 60 млади планинари на возраст од 6 до 27 години и 30 возрасни планинари од 10 клубови од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и домаќинот Македонија. Во текот на овие средби, како организатори имавме подготвено програма со активности кои се спроведуваа во текот на тридневните средби. Главните активности од средбите се одржаа на кањонот кај демиркаписката клисура. Благодарение на членовите на Спортскиот клуб “ Клисура “ од Демир Капија, учесниците имаа несекојдневна можност да научат нешто повеќе за алпинизмот, а имаа и несекојдневно и незаборно искуство да се искачат и на карпите на клисурата “- вели претседателот на друштвото Александар Гичовски.

Од останатите активности можиме да ги издвоиме и натпреварите во влечење со јаже и скокање во вреќа. Планинарите ги посетија и убавините на излетничкото место Дошница, а посебна атракција беше бањањето на младинците во популарните топли вирови, додава Гичовски. Следната година, домаќин на осмите балкански младински планинарски средби ќе биде градот Белград.

Maja Алексовска

Додади коментар