АУДИ А3 излетало од патот кај селото Марена

 

Триесет и едно годишниот Р.Ч од Неготино е повреден во сообраќајна незгода, откако со својот автомобил „Ауди А3“ излетал од патот Неготино - Кавадарци кај Марена.

 

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека незгодата се случила синоќа пред полноќ.

 

Поради сериозноста на повредите, Р.Ч е пренесен на лекување во Клинички центар Скопје.

А.Д

Додади коментар