Асфалтиран дел од улицата „Февруарски поход“
27-06-2020 РЕГИОН

Општина Кавадарци денес реализираше уште еден комунален проект. Ангажираната оператива изврши асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“. Беше асфалтирана делница во должина од 300 метри, информираат од локалната самоуправа. 


Денешното асфалтирање е продолжение на урбанизацијата на оваа улица, која е значајна сообраќајница во тој дел на Кавадарци, а околу која гравитираат многу индивидуални станбени објекти.


Асфалтирањето е спроведено на барање на жителите од тој дел на градот. Парите се обезбедени од комуналната сметка на буџетот на општината.

 

Во тек реализација на проект за поплочување на тротоари на ул.Шакалица.

Додади коментар