Асфалтирани „Праведничка“ и „Ѓоре Брушански“
11-06-2018 РЕГИОН

 

 

 

Општината Кавадарци ја продолжува реализацијата на програмата за комунална изградба. Се работеше на улиците „Праведничка“ и „Ѓоре Брушански“. 

 

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје работеше на поставување асфалт на улицата „Ѓоре Брушански“. Се ревитализираше поголем дел од коловозната лента на оваа фрекфентна улица, односно 430 метри во должина. Претходно со гребење беа отстранети сите оштетувања на стариот асфалт.

 

Со новата подлога улицата доби нов изглед, но пред се е значајно подобрувањето на безбедноста во одвивањето на сообраќајот.

 

Општина Кавадарци успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Изолзација“ заврши со асфалтирањето на 350 метри од улицата „Праведничка“ со што се заокружи значајна делница од улицата.

 

 

Претходно фирмата „Градба промет“ успешно ги заврши земјените работи од подготовката на оваа витална улица во овој дел од Кавадарци.

 

Општината за оваа намена потроши 3.000.000 денари, а парите се обезбедени од буџетото сметка за комунална изградба - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 

 

 

 

Додади коментар