АПЕЛ: НАМАЛЕТЕ ГО СОГОРУВАЊЕТО НА ОТПАДОЦИ И ЈАГЛЕН
06-11-2015 РЕГИОН

Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Кавадарци поради неповолната ружа на ветрови и загадувањето на воздухот, апелираат до сите граѓани да се воздржат од горење на отпадоци, облека, пластика, пластични шишиња и гуми од автомобили во казаните за ракија се додека параметрите за квалитетот на воздухот се неповолни.

 

Исто така апел и до сите кои своите домови ги затоплуваат со јаглен да ја намалат употребата на овој енергенс како заеднички би помогнале во намалувањето на загадувањето на животната средина. 

Додади коментар