Акција за расчистување на селото Сопот
09-07-2018 РЕГИОН

 

Општината Кавадарци, Јавното претпријатие „Комуналец“ и фирмата донатор „Ја-Ми“ од Кавадарци ја започнаа акцијата за расчистување и разубавување на селото Сопот.

 

На терен работи механизација од два „скипа“, два трактори, специјализирана машина за косење на трева, три цистерни и работна рака. Најпрвин се врши расчистување на наносите од земја, како и отстранување и кастрење на обраснатата вегетација и трева покрај селските улици.

 

Потоа се пристапува кон отстранување и депонирање на наносите од земја, па кон миење на коловозните површини на главните улици во селото.

 

 

Акцијата за разубавување на село Сопот е покрената на иницијатива на граѓаните после посетата на градоначалникот Митко Јанчев која се случи изминатиот викенд во саботата, а ќе се спроведува во наредните денови.

 

Откако ќе заврши акцијата ќе продолжи во селата Марена и Глишиќ - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

Додади коментар