За нас



Од 4 јули 1991 година во етерот над Кавадарци започна да се емитува програмата на приватната телевизија КТВ. За почеток со ТВ сигнал се покриваше целата општина Кавадарци, а подоцна програмата на КТВ продолжи да се следи и во Росоман, Неготино, Градско и Демир Капија, преку репетиторскиот пункт Љубаш.


Со воведувањето на дигитализацијата во македонските медиуми, КТВ прерасна во регионална телевизиска куќа и нашата програма е достапна за гледачите од Вардарскиот регион: Кавадарци, Неготино, Велес, Свети Николе, Росоман, Демир Капија, Лозово, Чашка...


Во делот на информирањето на граѓаните, КТВ има голем придонес во навременото, точно и непристрасно информирање за сите настани од регионот, поради што станавме неделив дел од животот на тиквешани.


Kако единствена телевизиска куќа во регионот, целосно ги почитуваме сите стандарди за професионално известување.


За нашата гледаност говорат и резултатите од истражувањата што во изминатиот период ги вршеа повеќе истражувачки агенции. Нашата програма можете да ја следите тересетеријално (со антена) како и преку сите кабелски и IPTV оператори.



Телевизија КТВ


ул.Маршал Тито б.б 1430 Кавадарци


Телефон: 043 400-266



Главен и одговорен уредник: Марјан Тодоров


Одговорен уредник: Ангел Данов


e-mail: danovangel@gmail.com


Можете да не следите и на социјалните мрежи:


https://www.facebook.com/KTVKavadarci


https://www.youtube.com/channel/UChNeI453OHnp2eMc8y8mxgw?view_as=publictarget%3D